Податоците од Marriott ги украле хакери кои работат за Кина?

Сајбер нападот со кој податоците на 500 милиони гости на хотелскиот ланец Marriott беа украдени е дел од поголема акција на кинеските владини хакери. Ова го тврдат анонимни извори кој биле брифирани за истрагата за New York Times.

Жртви на истото собирање на податоци се и осигуреници на здравствени осигурителни компании и корисници кои добиле безбедносни сертификати. Со ова бројот на луѓе зафатени со нападите се зголемил за неколку милиони.

На почетокот на декември Marriott International откри дека хакери ја пробиле заштитата на системот за резервација на Starwood. Поради ова на над 500 милиони гости им се украдени личните податоци. Нападот започнал уште во 2014 година и е втор најголем напад по број на украдени податоци. Жртви на нападот се корисниците кои направиле резервација на Starwood брендот од 2015 до 2018 година. Ланците кои се зафатени се: Sheraton, Westin, W Hotels, St. Regis, Four Points, Aloft, Le Méridien, Tribute, Design Hotels, Element и Luxury Collection. Marriot, Ritz-Carlton и Residence Inn се на посебен систем за резервација и не се погодени од нападот.

Нападите се направени од цивилна шпионска агенција под контрола на Министерството за безбедност на Кина. Администрацијата на САД планира соодветен одговор на акциите на Кина. Засега нема преголеми објаснувања за тоа што ќе бидат санкциите. Сепак се шпекулира со обвиненија за кинеските хакери, но и извршна одлука на претседателот Трамп за отежнување на увозот на телекомуникациска опрема во Кина.

Кинеските власти ги демантираа обвинувањата.

„Кина се противи на сите форми на сајбер напади и ги сузбива во согласност со законот. Ако понудат докази, релевантните кинески одделенија ќе спроведат истрага во согласност со законите“, вели портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments