Што сè може да очекуваме на CES

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Свет, Хардвер

Почетокот на годината е резервиран за еден од најголемите саеми за техника и електроника. CES (Consumer Electronics Show) кој се одржува секоја година во Лас Вегас, Невада во САД. Настанот во просек е посетен од над 150.000 луѓе и изложувачи и оваа следната година нема да биде исклучок и веднаш по новогодишните празници ќе имаме презентација на кул хардвер.

Вообичаено секоја година се презентирани уреди и електроника за кои се смета дека ќе ја одбележат годината, иако некој пат презентациите се за уреди кои ќе бидат достапни во подалечна иднина. Дел од хардверот кој би требало да го очекуваме на овогодинешниов CES 2017 е во продолжение….

Процесори

Од AMD очекуваме повеќе податоци за новиот процесор Ryzen. Се надеваме на први податоци за почетокот на продажбата. Дополнително ќе биде интересно да видиме која ќе биде цената на овие процесори. Нов процесор очекуваме и од Intel, компанијата веќе го презентираше наследникот на Intel i7-6700K, Intel i7-7700K, па очекуваме да видиме како ќе „изгледаат“ двата процесори еден покрај друг.

Графички картички

Речиси и не е тајна дека Nvidia наскоро ќе ја презентира Ti серијата на 10хх серијата графички картички. Дали веднаш ќе може да ги видиме GeForce GTX 1080 Ti ќе дознаеме наскоро. Nvidia треба и да го најави почетокот на продажбата за GeForce GTX 1050.

Од AMD баш и не очекуваме да видиме револуција кај графичките картички, но се надеваме дека компанијата без најава ќе ја презентира Radeon RX 490.

Телевизори и монитори

Вообичаено најинтересните телевизори и монитори ја започнуваат годината на CES. Нема причина да очекуваме оваа година да биде различна, па чекаме нови 4K телевизори и монитори.

Виртуелна реалност

Најверојатно нема да има новитети во овој сегмент. Нема најава за нов уред или нова верзија или надградба на некој од постоечките уреди. Секако секое изненадување е добредојдено, а доколку нешто се случува во овој сегмент, шансите тоа да дојде од HTC или Oculus се поголеми отколку од производител како Sony.

Нови матични плочи

Во оваа категорија очекуваме и најмногу новитети. Сите производители на матични плочи ќе бидат присутни на CES. Матичните плочи за AMD ќе бидат малку поинтересни од матичните плочи за Intel, главно заради новиот процесор кој по подолго време ќе биде конкурентен.


Настанот започнува на 5-ти јануари а завршува на 8-ми, 2017-та година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Samsung откри нов заоблен quantum dot монитор специјално осмислен за гејмери и дизајнери. CH711 e со резолуција 2,560 x 1,440 и 178 степени агол на видливост. Ваквите quantum dot монитори не страдаат од истите лаг проблеми, како што е случајот со OLED технологијата и, со самото тоа, се прикажуваат како посупериорна верзија за гејмерите. Повеќе информации за мониторот ќе бидат прикажани на CES 2017. […]