0 коментари 3 мин. читање 17 април, 2014

Графенот е иднината на електронските уреди

Не е возможно да се зборува за модерната електроника без да се спомене силициумот, но во блиска иднина е сосем извесно дека силициумот ќе се „пензионира“ и ќе му го препушти своето место на графенот. Графенот за прв пат е откриен пред десетина години, но за него прв пат се појави посериозен интерес во 2010 година, кога Андре Геим и Константин Новоселов ја добија Нобеловата награда за своите експерименти со графенот. Материјалот е алотропска модификација на јаглеродот, мрежа креирана од јаглеродни атоми со дебелина од еден атом. Овој материјал не само што е најтенкиот создаден материјал, туку е и најцврст со цврстина 200 пати поголема од челик и најеластичниот материјал, кој барем засега може да се користи. За разлика од силициумот кој се растега едвај 1 отсто, графенот може да се растегне 20 отсто и да остане проводник.

Примените на графенот барем засега изгледаат неограничени: електроника, флексибилни дисплеи, квантни компјутери, покрај ова графенот е надобар електро и термо проводник. Сепак се чини дека најголема предност му е што истовремено е проѕирен, проводник и флексибилен, квалитети кои се тешко да се најдат истовремено кај ист материјал, вели Др. Аравин Вијајарагахаван oд Универзитетот на Манчестер за New York Times.

Др. Вијајарагхаван работи на сензорска мрежа која вклучува сензори за гас, биосензори и сензори на светлина кои се помали од сите кои се креирани до сега. Веќе се работи и на батерии од графен и силициум кои ќе можат да останат полни повеќе од една недела, а се полнат за само 15 минути. Флексибилноста ќе овозможи некоја следна генерација на паметни телефони да биде со дебелина како лист хартија, а ќе можат да се превиткаат и да се стават во џеб. Уште една корисна карактеристика која графенот ја има пред останатите проводници е што не кородира дури и кога е потопен во вода, ова може да донесе до електроника која е интегрирана со био системи, па во иднина сензори од графен може да се интегрираат во дел од органите или во нервниот систем.

Освен на овие проекти компании веќе работат на автомобили од графен на соларна енергија, па дури и на ултра тенки непропусни кондоми. Производителите на авиони се надеваат дека во иднина ќе можат да креираат авиони од графен. Неодамна тим на научници од Нанџинг откри дека доколку капка солена вода се поместува по лист графен се генерира електрична енергија.

Предност на графенот е и што е навистина евтин, па единствен предизвик е негово комерцијално производство, што барем засега не е откриено. Сепак пред две надели Samsung објави дека откриле нов револуционерен начин за синтетизирање на графен, метод кој ќе ја забрза комерцијализацијата на материјалот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top