Дали робот може да донесе одлука за убиство?

Полицијата во Далас мораше да употреби робот да го неутрализираат снајперот кој усмрти петмина полицајци во неодамнешните протести. Снајперистот беше толку добро скриен и забарикадиран, што полицијата се одлучи, иронично, да му испрати бомба закачена на робот за деактивирање на бомби.

Но, иако ова решение е креативно, сепак отвори дебата во САД за легалноста на употребата на роботи за да убиваат луѓе. Прашањето не е дали се користи технологијата, туку кој ја донесува конечната одлука за земање живот – роботот или човекот?

„Другите опции претставуваа далеку поголема опасност за нашите полицајци“, вели шефот на полицијата во Далас.

Управувани роботи за деактивирање и уништување на бомби се користат повеќе години. Автономната платформа Super aEgis II, создадена во Јужна Кореа, може да уништи камион на оддалеченост од 4 километри. Сепак, кога е во прашање командата за пукање, а со тоа и конечната одлука да се одземе живот – засега останува кај луѓето, вели BBC.

Користењето на технологија во работата на полицијата не е новина. Повеќе американски градови користат алгоритми за да одредат каде треба почесто да патролираат полицајците за да се намали криминалот, или пак користат Google Glass и слични уреди на терен за директен приказ на планови од згради или приказ на опасности.

Но, убиството на снајперистот беше прв пат робот да се користи со ваква намера на територијата на САД, иако нивната војска користи беспилотни летала за да го намалат ризикот на пилотите. Неодамна администрацијата на Барак Обама, обелодени дека од 2009 до 2015 година со напади со беспилотни летала се убиени помеѓу 2.372 и 2.581 терористи, но за жал и 116 случајни минувачи.

Засега роботите не можат да донесат одлука за убивање, и токму тоа ќе биде најголемата разлика со потполно автоматизирани роботи. Овие роботи ќе треба да знаат да разликуваат помеѓу цивили, пријателски трупи и непријатели, и притоа без грешка да проценат кога мораат да употребат смртоносна сила.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Singular

Team Lead

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Data Masters

Data Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk