0 коментари 2 мин. читање 13 јули, 2016

Google Project Fi: Бесплатен роаминг за корисниците во 135 држави

Google ќе ја прошири својата „не-роаминг“ зона на 15 нови европски држави, oткако потпиша договор со еден од најголемите безжични оператори, Three. Ова ќе им овозможи на Американците кои користат Google Fi услуга да не плаќаат повеќе за услугите кога ќе бидат во другите држави.

Project Fi засега им е достапен единствено на корисниците на Nexus телефони од САД. Овозможува користење на Wi-Fi мрежа секојпат кога е во можност, или се префрла на најдобрата мобилна мрежа со минимална доплата. Цената за секој гигабајт е 10 долари, минималната претплата е 20 долари, но секој „долар“ кој корисникот не го потрошил останува за следниот месец.

 
Со новината корисниците на Google Fi повеќе нема да имаат ограничување на брзината на интернет сообраќајот кога ќе бидат во странство. Ова важи за над 135 држави, а туристите во овие држави ќе забележат дека нивниот интернет сега е 10, па дури и 20 пати побрз, објасни Google на својот блог. Бројката од 135 држави е далеку од целосна светска покриеност, но тука спаѓаат 97 отсто од омилените дестинации за патување на Американците.

„Излегувањето од дома не треба да значи сека ќе останете неповрзани. Со зголемување на  брзината и додавање повеќе земји со иста цена, сега сме еден чекор поблиску до овозможување да го користите вашиот телефон во странство како и дома.“

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top