Наместо Google, пет oвци со 360º камери ги мапираат Фарските oстрови

1 коментар 1 мин. читање

На жителите на Фарските острови им се здосади да го чекаат Google за да го мапира островот со Street View, па решија да бидат иновативни. Иницијатор на целиот потфат е Дурита Дал Андреасен од Visit Faroe Islands, која самата направи голем дел од опремата. Но, тоа што е интересно во овој потфат е што тимот искористи овца, наместо автомобил, да го мапира островот.

 

Со помош на локалните овчари и специјално изработен држач за камери, тие „опремија“ пет овци со 360º камери и го снимија прекрасниот остров. Додека овците се шетаат, сликите заедно со GPS координати се испраќаат до г-ѓа Андреасен која потоа ги прикачува на Google Street View, вели Guardian.

Google пак засега немаат намера да започнат со Street View на Фарските Острови, но ги охрабруваат сите кои можат и имаат некаква идеја за Street View самите да го направат тоа, а можат и да се пријават и да ја позајмат камерата на Google.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед