Што треба стартапите и претприемачите да научат од гејминг индустријата?

во Софтвер, Статии

„Најдобар патоказ за иднината е да погледнете во заедниците кои прифаќаат брзи, Дарвинови експерименти. Претприемачите се експериментатори (а инвеститорите ги финансираат овие експерименти). Експериментите ни помагаат да се снајдемe во лавиринтот на стартапи и да пронајдеме бизнис модели кои функционираат“. Ова е поентата на блогот на инвеститорот Крис Диксон, но интересно се однесува повеќе на видеоигрите одошто на традиционалното претприемаштво. Тој вели дека гејминг индустријата е поснаодлива од останатите стартапи бидејќи има поголема желба и волја за експериметнирање, што им овозможи да пронајдaт нови практики и бизнис модели. Некои од тие модели никогаш немаше да бидат возможни без експериментите.

Најверојатно еден од најчудните модели се бесплатните игри. Dota 2, Team Fortress 2 и League of Legends се суперпопуларни, и бесплатни. Dota 2 е најпоседувана игра на Steam, а единствената заработка ја прави од продажба на различен изглед за карактерите. Идентичен бизнис модел има и League of Legends која иако бесплатна успеа да заработи 1,5 милијарди долари.

Бесплатните игри успеваат бидејќи монетизацијата е направена како што треба, но ако имате лош бизнис план тој сериозно ќе ја наруши забавата, а со тоа и можноста за заработка. Без експерименти и сериозно отфрлање на границите, ова немаше да биде можно. Благодарените на овие нови бизнис модели, во последните години гледаме раст на е-спортот чии финалиња се двојно повеќе гледани отколку финалето во NBA. „Натпреварите ви живо станаа огромни: над 32 милиони луѓе во живо го следеа League of Legends шампионатот оваа година, речиси двојно повеќе од гледачите на NBA финалната серија“, вели г. Диксон.

За разлика од музичката индустрија, видеоигрите брзо ја сфатија важноста на заедницата. Дозволата за креирање на модови и дополнитена содржина за играта, најверојатно одзема дел од контролата врз играта, но девелоперите добиваат верна заедница која не само што креира дополнителна содржина, туку креира и бесплата реклама. Во последно време гледаме и се поголем број на корисници кои следат стримови на Twitch и YouTube. Илјадници луѓе секојдневно стриммат видеоигри, некој од нив добро заработуваат од ова. Но сите без исклучок се бесплатна реклама за игрите, и таа реклама ги таргетира најголемите фанови на игрите.

За разлика од сите останати стартапи кои финансирањето го добиваат од инвеститори, благодарение на краудфандинг сервисите како Kickstarter и Indigogo, видеоигрите можат да бидат финансирани од нивните крајни корисници уште во фаза на развој. Shenmue III од 69.320 поддржувачи прибра 6,3 милиони долари; Bloodstained: Ritual of the Night собра 5,5 милиони од 65.000 поддржувачи); Torment: Tides of Numenera собра 4,2 милиони долари од 74.405 поддржувачи; Pillars of Eternity собра 4 милиони од 74.000 поддржувачи). Супер успешни камањи имаа и Mighty No. 9, Double Fine Adventure, Yooka-Laylee – A 3D Platformer Rare-vival! и Wasteland 2. Сепак оваа листа нема да биде комплетна без Star Citizen со приберени речиси 100 милиони долари од над 1 милион корисници! Претпоставувате дека секој од купувачите кои ја купуваат играта во прва фаза исто така ја рекламираат по друштвените мрежи; но можеби поважно е што сите ги споделуваат своите идеи за игри и им даваат фидбек на девелоперите. „Парите кои ќе пристигнат од кампањата се очигледно важни, но не колку учеството што е овозможено. Речиси секоја од краудфандинг видеоигрите е придружена со активна заедница која постојано дискутира на форумите“, вели г. Диксон на својот блог.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

BI Developer

natasha.petkova

iOS Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Frontend Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk