Тesla и Google ќе соработуваат на паметни автономни автомобили?

Најпаметниот автомобил во светот Tesla ќе стане уште попаметен благодарение на технологијата на Google, известува Bloomberg. Весникот пишува дека интересот на Google за возилата на Tesla не е нов. Сергеј Брин и Лери Пејџ се едни од првите инвеститори и тоа уште пред компанијата да излезе со своите акции на берза. Google вели дека технологијата за автономни возила ќе биде подготвена во следните пет години, но најголем проблем е цената на сензорите која значително ја зголемува цената на возилото.

Но, милијардерот и ко-основачот Илон Маск, во твит го отфрли извештајот на Bloomberg, велејќи дека иако ги почитува основачите на Google, Брин и Пејџ, сепак нема некои посебни и официјални најави.

Тој останува убеден дека автономните возила се следниот чекор во автомобилската индустрија. Според него, барем засега подобро е како сензори за автомобилот да се користат камери кои сега се поефтини, а и со користење на софтвер возилото би можело и да препознава дел од објектите кои наидуваат.

„Tesla работи на свои автономен систем за возилата. Мислам дека сепак Tesla самостојно ќе изработи автоматски пилот за колите, пред се бидејќи мислиме дека треба да биде базиран на камери… Сè уште е можно да направиме нешто заедно со Google.“, вели г. Маск за Bloomberg.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments