Европскиот суд за правда пресуди дека друштвените мрежи не смеат да бидат обврзани да ја следат активноста на корисниците во име на авторските права. Ова одлука е спортивно на праксата што контроверзниот трговски договор АCTA, кој неодамна беше потпишан од 22 земји членки и ЕУ, и кој летово ќе се најде пред Европскиот парламент, сака да ја воведе.
Судот за правда, сместен во Луксембург, пресуди дека барањето да се инсталираат филтри кои можат да ја следат споделената содржина ќе наштетат на приватноста на корисничките податоци и слобода да споделуваат информации, пишува Washington Post
Одлуката доаѓа од спор помеѓу SABAM, белгиска компанија која ги застапува правата на забавната индустрија, и друштвената мрежа Netlog NV за која SABAM вели дека се користи за споделување пиратерија. Судот вели и дека „таква наредба ќе резултира во сериозно прекршување на слободата на Netlog да си го води својот бизнис бидејќи ќе бара Nelog да инсталира комплицирани, скапи, постојан комлјутерски систем на свој трошок.“. Претходно, во ноември, белгиската компанија изгуби уште еден спор во кој бараше интернет провајдерите да инсталираат филтри за содржина против мрежата.
По јавните протести од корисниците, оваа одлука од институција како Европскиот суд за правда е уште еден удар врз забавната индустрија која се обидува со строги мерки да ја спречи пиратеријата. Се поочигледно е дека ACTA ќе „падне“ пред Европскиот парламент бидејќи се чини приватноста и слободата на корисниците е поважна од авторските права. Забавната индустрија беше поразена и во САД каде големи ИТ компании и корисниците го принудија Конгресот да го одложи гласањето за SOPA и PIPA, слични закони на ACTA, кои бараат мониторинг на содржината.