Што чекате? Еleven и LAUNCHub стартуваат нова рунда пријави за стартапи

Бугарските стартап акселератори Eleven и LAUNCHub отвараат нови рунди апликации за регионалните стартапи кои сакаат да добијат пари за понатамошен развој. Двата акселератори, со поддршка од Европската Унија, до сега имаат поделено 4,5 милиони евра за 70 старапи, меѓу кои и македонскиот Tesseract Interactive кои добија 30.000 долари инвестиција за развој на својата игра Excubator.

Сите регионални стартапи можат да се пријават најдоцна до 3 ноември кај LAUNCHub, односно до 31 октомври кај Еleven. Стартапите кои ќе бидат прифатени ќе бидат поканети на неколку дневен настан во Софија и шанса до добијат прва seed инвестиција до 50.000 евра, со можност за дополнителни 200.000 долари, и менторство за развој на сервисот; а за возврат ќе отстапат 10+ отсто од компанијата.

„LauncHub се прилично добар акцелератор и луѓето што работат таму и што ги запознавме се доста кооперативни и сакаат да ни помогнат на секаков начин.“, вели Александар Јовановски од Tesseract Interactive. „Иако ние сме им првиот стартап кој развива игра и немаат многу искуство со стартапи со ваква дејност, ни посочија многу ментори со кои разговаравме и разменивме идеи во областа на гејм девелопментот. Развојот на играта иде прилично добро. Имаме alpha-build спремен со кој бевме на Gamescom. Моментално работиме да склопиме демо кое ке можат да го тестираат луѓе што предходно ќе се пријават на нашиот вебсајт“.

Како поттик и идеја за стартапите, основачот на Eleven, Ивајло Симов, објави блог пост во кој објасни во какви се стартапи се вољни да инвестираат. Најголемата предност што може да ја има еден регионален стартап е да најде решение за претварање на Peer to Peer мрежите во профитабилен бизнис, како и револуционизирање на индустријата за оутсорсинг на талентот и работат, посебно во ИТ. Тоа што треба е навистина тешко да се поправи е е-трговијата бидејќи Европа е разделена на мали земји, со различни јазици и мали профити. Но, доколку најдете решение за поврзување на тие пазари, тогаш ве чека огромен успех.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments