0 коментари 2 мин. читање 20 април, 2018

Шпионирање на вистински начин, со iSpy

iSpy е бесплатен и исклучително корисен софтер, особено доколку отсекогаш сте сакале поголемо чувство на безбедност кое доаѓа со поставување камери низ куќата. Оваа алатка за видео надгледување работи со неограничен број камери, а нуди детекција на движење, закажување од колку до колку часот да врши автоматско снимање и многу повеќе.

Како што кажавме, самиот софтвер е бесплатен за користење, но доколку сакате снимените видео материјали автоматски да се поставуваат на облак, или да пристапувате до нив од далеку, како и да добивате известувања во реално време, како преку и-мејл, sms или Twitter, тогаш е потребно да плаќате 8 долари месечно. За подобра ефикасност, можете да инсталирате и најразлични плагини, како тие за детекција на лица и преземање одредени работи откако ќе биде детектирано одредено лице. Со засебните плагини, можете и да препознавате текст, регистарски таблички на автомобили, да скенирате баркодови или пак да направите целосно нови со пропратниот кит.

Надгледувањето се извршува од официјалниот сајт iSpyConnect.com

Причината поради која засебно ја споменуваме iSpy е најновата верзија која поправа мноштво проблеми со претходната верзија и значително го олеснува надгледувањето.

Уште една подеднакво корисна апликација е и Angelcam. Прочитајте за неа тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top