#SheCodes: Марија Богдановска – Business Intelligence девелопер

#SheCodes е серијал на интервјуа на IT.mk во соработка со Adeva и Female Bootcamp. Female Bootcamp е првиот bootcamp за развивање на ИТ вештини за жени во Македонија, со цел развивање на дискусија и промоција на ИТ секторот пред жени кои што се заинтересирани за пристап во индустријата.


Име: Марија Богдановска
Едукација: Дипломиран инженер по електротехника, отсек Компјутерска техника, информатика и автоматика (ФЕИТ)
Технологии со кои работиш: Teradata, SSIS, SSRS, MS SQL, PL-SQL, Oracle
Работно место: BI Developer во Vip

Kоја е Марија Богдановска?
Марија е ИТ инженер, моментално вработена како BI developer во Вип. Како што и налага самата професија сакам постојано да учам и да се надградувам. Посветена на својата работа, сакам предизвици и сум постојано насочена на подобрување и надградување на моите знаења и вештини. Се трудам да го вметнам спортот во моето секојдневие и уживам во патувања.

Како се одлучи за кариера во ИТ индустријата? Дали ја избра оваа кариера поради практични, финансиски причини, или пак нешто сосема друго?
Не би можела да не потенцирам дека отсекогаш ме привлекувале природните науки. Последователно на тоа беше моето образование  да го продолжам на некој од техничките факултети. Во тој период во голем подем беше развојот на интернетот и информатичките технологии, па најголем предизвик ми беше да се запишам на ФЕИТ, на отсекот КТИА. Во тоа време тоа беше “in” :)

Што прави Марија кога не програмира?
Со оглед на тоа што подолг период од времето го поминувам пред компјутер, слободното време сакам што е можно повеќе да го поминувам на отворено, шетајќи се во природа со добро друштво. Од време на време знам да ја искористам теретаната како место за ослободување на негативната енергија.

Уживам да патувам, секое ново патување избирам ново место, а листата со места кои сакам да го посетам е долга :)

Раскажи ни за твојата сегашна работа во Вип
Моите работни обврски вклучуваат претворање на бизнис потребите во технички решенија, развој и имплементација на ETL процеси, дизајнирање, градење и развивање на BI и DWH модели, анализа и правење извештаи за специфични бизнис процеси.

Од извештаите кои ние ги даваме како сектор зависат понатамошните бизнис одлуки во компанијата, што мојата работа ја прави многу одговорна.

Најинтересен проект на кој имаш работено?
Општо моето работно искуство во Вип е најинтересниот период од мојата кариера. Тука работам на различни проекти кои опфаќаат различни бизнис сегменти, соработувам со колеги од различни сектори.

Како дел од А1 групацијата, често имам прилика да работам на групациски проекти и да разменувам искуства со тимови од операторите од другите држави.

А, најпредизвикувачки?
Најпредизвикувачки проект на кој имам работено е миграцијата на корисниците која што се случи после спојувањето на двата оператори Оне и Вип. Вклученоста на повеќе тимови го прават проектот предизвикувачки и многу интересен. Спојувањето на два мобилни оператори спаѓа во една од покомплексните операции, тоа беше несекојдневно искуство, а јас ја добив приликата да сум дел од него.

Дали постои полова дискриминација во ИТ секторот? Дали си почувствувала полова дискриминација во текот на твојата досегашна кариера?
Општо мислам дека постои, но среќна околност е што се повеќе студентки се запишуваат на техничките факултети, со што се повеќе се искоренуваат сите стереотипи околу жените инженери. За среќа, постојат многу компании каде се вреднува знаењето и квалитетите на секој вработен, без разлика на полот. Среќна сум што и јас сум дел од ваква компанија.

Што би ги советувала младите девојки кои сакаат да изградат успешна ИТ кариера, кон што да го насочат својот фокус?
Да бидат упорни, да останат љубопитни, постојано да учат и да ги следат новите технологии.

Да не се откажуваат кога ќе наидат на тешки моменти, да бидат истрајни и одлучни.

Трудот во себе, на крај секогаш се исплати.

Во информатичката ера ние сме дел од таа индустрија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments