0 коментари 1 мин. читање

Shadow Warrior 2 е бесплатна во наредните два дена

Shadow Warrior серијалот доживеа крајно успешна ревитализација, првин со хитот од 2013 година, а потоа и со двојката од 2016 година. GOG продавницата, пак, ужива крајно профитабилни денови со бројните кампањи за продавање DRM-Free игри кои можете да ги инсталирате и играте без какви било рестрикции. Пред да почнете да се мислите како е можно овие две работи да се поврзани, би сакале да ве советуваме да побрзате, да го кликнете следниот линк и да бесплатно да си ја преземете Shadow Warrior 2 од продавницата GOG. Точно така, Good Old Games слават десет годишнина со бројни попусти, а и со еден исклучително пријатен подарок. До сабота навечер, ќе можете бесплатно да ја преземете играта која на уникатен начин создава фузија помеѓу акција во прво лице и сувопарен хумор кој како да извира од најоткачените деца.

Кога веќе сте тука, вреди да се спомене и пакетот 10th Anniversary Collection III: The Modern Classics, каде по цена од 25 долари ги добивате критички признаените: Kingdom Come: Deliverance, Battle Chasers: Nightwar, и Shadows Tactics: Blades of the Shogun. Првиот пакет од игри, пак, чини пет долари, а вториот десет, но нам, некако, значително нѝ се допаѓа третиот пакет, особено една од подобрите игри за дигитално губење во средновековната ера.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top