0 коментари 1 мин. читање 10 август, 2011

Сега ќе може да закачувате слики директно на Twitter

Тwitter ја активираше опцијата за закачување слики на сервисот преку нивната веб страна.

Ова значи дека нама да мора да користите други веб страни преку кои ги поврзувате Twitter профилите за да закачите и споделите фотографија, пример TwitPic за кого ова се многу лоши вести. Сега ќе може да споделите слика директно преку Twitter.com само со еден клик на иконата со камера под местото за пишување статус.

Всушност, ќе мора да ја користите нивниот веб сајт доколу сакате да закачите фотографии на Twitter. Ова во моментов барем не е овозможени за надворешните клиенти. Сепак, оваа новина е наменета за мобилните уреди. Опција беше претходно најавена заедно со интеграцијата на Twitter во iOS 5, па сигурно закачувањето слики преку мобилен телефон ќе биде полесна за користење.

Фотографии споделени преку Twitter ќе бидат со URL pic.twitter.com, а фотографиите ќе бидат хостирани во Photobucket.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top