0 коментари 2 мин. читање 4 јули, 2011

Facebook ќе добие видео чет во соработка со Skype

Една од најкул новините во Google+ е Hangout четот, односно виртуелна конференција каде корисниците можат да си направат видео чет. Иако има текстуален чет, сепак Hangouts е дизајнирани за видео чет и функционира одлично, што ја прави опцијата не само конкурентна на Facebook чиј чет е лош, туку конкурентна и на Skype.

Facebook и Skype веќе имаат одлична соработка со интегрирање на друштвената мрежа на VoIP сервисот, и сега, доколку г. Арингтон е во право (а ретко греши), ќе го видиме и вториот дел од спогодбата, односно видео четување преку прелистувач на Facebook со помош од Skype.

Oстанува да ја дочекаме „неверојатната“ најава на Facebook да ги дознаеме деталите дали ќе треба да се има Skype профил за да се користи видео чет, или ќе може да се користи само со Facebook профил. Како и да е, Skype, кој сега има околу 170 милиони корисници, ќе добие пристап до неверојатни 750 милиони корисници. Тоа се вика #win за Microsoft, кои, не треба да се заборави, се сопственици на Skype. Мicrosoft исто така има инвестирано во Facebook. Се чини Facebook и Microsoft заедно ќе се обидат да ја спречат доминацијата на Google.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top