0 коментари 1 мин. читање

Еве докази дека насилните видео игри го намалуваат насилството

Со години слушавме обвинувања дека насилните видео игри ги прават гејмерите поагресивни, но нови истражувања докажуваат дека тоа е урбан мит, и дека видео игрите всушност го намалуваат насилството. Познатите економист Стивен Левит, автор на Freakonomics, во подкаст „Кој го води Интернетот?“ објаснува дека видео игрите ги држат помладите подалеку од насилството само со тоа што ги ангажираат и им го привлекуваат вниманието кон нешто што е забавно.

„Ако ги направите видео игрите доволно забавни, тогаш децата ќе остават се друго. Ќе престанат да гледаат телевизија, ќе престанат да пишуваат домашно, и ќе престанат да излегуваат и да прават хаос на улиците“.

Неговата теорија излезе дека е точна. Израелскиот Центар за едукациска технологија објави истражување, пренесено од Times of Israel, а направено со 1.000 деца и адолесценти од шест до 18 години, кое покажува дека видео игрите, дури и тие насилни, се корисни за децата бидејќи им помагаат за развој на когнитивните и интер-персоналните способности.

Американската психолошка асоцијација неодамна излезе со ист заклучок велејќи дека видео игрите, и тие насилните, всушност се корисни за децата бидејќи им помагаат да учат, им го подобруваат здравјето и односните со своите врсници.

[youtube]XX8fFKjp5AY[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top