Oбама не смее да користи iPhone поради „безбедносни причини“

Иако е ентузијаст за технологија, и најмоќен човек на планетата, сепак кога се работи за избор на паметен телефон претседателот на САД, Барак Обама, е заглавен да користи стар BlackBerry. Причината не е дека тој не сака iPhone, откри тој на средба со помладите граѓани, туку му е забрането да го користи телефонот од безбедносни причини, иако понекогаш користи Аpple iPad за сурфање, вeли Reuters. Г. Обама не откри кои се овие причини точно, иако претпоставките се дека iOS е поранлив од BlackBerry, но и дозволува полесно откривање на моменталната локација на претседателот.

Кога е во прашање безбедноста на мобилните телефони, треба да им се верува на американските експерти, бидејќи, како што дознаваме од документите објавени од Eдвард Сноуден, американската Агенција за национална безбедност (NSA) е способна да го прислушува целиот интернет и дури заштитените телефони на светските лидери. Во неодамнешен текст на германскиот Der Spiegel се вели дека iPhone им бил омилен телефон за прислушување на аналитичарите на NSA бидејќи имало скрипти со кои можеле да шпионираат во 38 различни јазици. Apple негираше дека соработува со NSA.

Уште при првото влегување во Белата Куќа, г. Обама инсистираше да си го задржи својот BlackBerry телефон за комуникација со најблисите соработници, иако само 10 од нив го знаат неговиот личен имејл. Ниту еден претходен претседател не користел имејл за комуникација. Џорџ Буш прекинал со користење на имејл во 2001-ва година, додека Бил Клинтон во својот мандал испратил само два имејла.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] агенции го менуваат неговиот телефон. Ова на пример се случи со  претходниот претседател, но Доналд Трамп сè уште го користи својот […]