0 коментари 2 мин. читање 20 декември, 2016

Конечно активен Galileo, европска и попрецизна алтернатива на GPS

Минатата недела по 17 години Global Positioning System (GPS), доби конкурент. Конечно е активна мрежата Galileo која се верува дека е попрецизна од GPS.

Galileo овозможува прецизна локација на корисниците. За бесплатната услуга точноста е еден метар, а за корисниците кои плаќаат прецизноста е во неколку сантиметри. Досега се лансирани 18 сателити, а до 2020 година се предвидени најмалку 30 сателити, јави Register.

Технологијата зад Galileo e иста како и GPS. Единствена разлика е во времето потребно за лоцирање на GPS-антената, што прави технологијата да биде попрецизна. Најверојатно најголемиот проблем кој го има технологијата во моментот е недостатокот на уреди со Galileo антени. Единствено BQ Aqyaris X5 Plus и Huawei Mate 9 се подготвени за новата мрежа. Сепак најголемите производители на чипови веќе преземаат активности да ги оспособат своите нови уреди.

Galileo започна како приватна компанија во 1999 година, по сериозни проблеми со финансирањето и со oбезбедувањето на инвестиции, во 2008 Европа се сложи да го преземе финансирањето и да го спаси проектот. Проектот кој беше предвиден да чини 3.1 милијарди, на крај направи сметка од 11 милијарди американски долари досега. Освен Европа во проектот учествуваат и Индија и Кина.

Мрежата засега не е во целост самостојна, па за глобално позиционирање е неопходен американскиот GPS систем. Со лансирање на новите 6 сателити до 2020 технологијата ќе биде самостојна.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top