Сега е достапна веб продавницата за апликации за Windows Phone Mango

во Мобилни

Microsoft претстави веб-базираната продавница за апликации наменета за Mango, новата верзија на Windows Phone 7 која се очекува да биде достапна за надградување во наредниве денови, и која ќе донесе бројни новини за мобилниот оперативен систем.

Windows Phone Marketplace има околу 30.000 апликации, што е далеку зад Android и iOS продавниците кои надминуваат 200.000, односно 300.000, но Microsoft стартува нова платформа со нови партнерства во обид да стане сериозен конкурент на пазарот на паметни телефони.

Windows Phone Marketplace има дизајн налик на Metro UI, кој го видовме во мобилниот оперативен систем, но и во новиот Windows 8. Корисниците ќе можат да се логираат преку Windows Live ID, а при симнување на апликациите Marketplace ќе им прати на корисниците SMS или имејл со директен линк за симнување на апликацијата. Доколку имате повеќе WP7 телефони ќе може да се одбере на кој телефон да се инсталира апликацијата. Секако, ќе има можност да се симнуваат апликации и преку PC, а повеќето апликации имаат можност да ги пробате пред да ги купите, што е доста кул можност.

Во моментов Windows Phone 7 Marketplace e достапен за 35 земји, но во таа листа не е Македонија.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Full Stack Java Developer

The Bright Box

Front End Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk