Причината поради која веднаш нема одговори на сајбер напади дури и во ситуации кога напаѓачот е познат е поради тоа што нема зацртана листа на правила и пропорционален одговор. Така на пример нема никакви правила за последниот сајбер напад ви Sony, но далеку поважно нема листа на правила, ниту за посериозни напади на електрични мрежи, централи или напади слични на Stuxnet, јавува New York Times.
Секој напад е специфичен, а одговорите на нападите се разгледуваат и се дозираат на начин на кој нема да предизвикаат војна. Причина за ова не е само стравот од возвратни напади, туку и непостоењето на начин со кој напаѓачот ќе биде познат без сомневање.
„До сега изгледаше прилично јасно што е непријатност, а што е напад. Лекцијата од ова е дека премногу доцниме во државна стратегија за одговори на сајбер нападите“, вели Џејмс Луис од Центарот за стратешки и меѓународни студии.
Речиси е неверојатно што дебатата ја отвори нападот врз Sony и барањата за цензура на The Interview. Според тоа што можевме да го видиме од реакциите на американскиот претседател, Барак Обама, тој е убеден дека напаѓач е Северна Кореја, но Федералното истражно биро не излегува со факти. Сомневањата на аналитичарите се дека причина за ова е што САД може да ја открие својата инфилтрираност во интернет мрежата на Северна Кореа и Кина преку која се рутира интернет сообраќајот до С. Кореа.