The Interview сепак ќе се прикажува, можеби и онлајн

Филмот на Sony, The Interview сепак ќе ја има својата премиера на 25 декември, јавува Hollywood reporter. Хакерската група Guardians of Peace тврди дела токму овој филм е мотивација за нападите врз Sony Pictures, а Северна Кореа им се закани на сите кои се инволвирани во филмот во кој е прикажано убиството на Ким Јонг Ун.

Се чини дека нападите и постојаните коментари и закани од хакерите имаат потполни спротивен ефект од посакуваниот. Интересот за филмот е толку пораснат што компанијата се одлучи заедно со кино премиерата, филмот да има и VOD-премиера.

Филмот беше повлечен од репертоарот откако најголемите кино-ланци се одлучија да го повлечат филмот поради терористички закани. Дури и Sony се согласи со оваа одлука без поголем притисок. Тоа на што никој не сметаше се љубителите на филмот, но и останатите корисници на кои не им се допаднаа заканите. Така над 40 илјади корисници на IMDB му дадоа симболична поддршка на The Interview со оцена 10 од 10, со што стана еден од филмовите со најдобар рејтинг на сајтот.

Засега е непознато кој VOD сервис ќе биде користен, а неколку дена пред и официјално Interview да се врати на репертоарот, BitTorrent понуди да посредува помеѓу Sony и корисниците кои сакаат да го гледаат Interview со што филмот би ја имал својата премиера преку торент споделување.

[youtube]frsvWVEHowg[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments