Се повеќе се пиратираат видео игрите, но и се поголем профит има од нив

во Свет

Музичката пиратерија полека се намалува благодарение на новите музички сервиси како Spotify, Rdio, Pandora и други, но кога станува збор за игрите тоа не е случајот. Истражувачката компанија Envisional објави извештај во кој стои дека нелегалното преземање на игри во последните пет години се има зголемено за 20 отсто. Издавачите на игри, како резултат на нелегалнто преземање, губат милиони долари.

Во извештајот на истражувачката компанија Envisional исто така стои дека петте најуспешни игри во 2010 година до сега се преземени скоро милион пати. Компанијата има анализирани 10.000 торенти, доаѓајќи до заклучок дека поголемиот дел од нелегално преземените игри се наменети за персонални компјутери, додека оние за конзоли се преземаат поретко. Според анализираните торенти, преземени се 862.000 игри. Гејмерите често нелегално преземаат игри со цел прво да ги тестираат пред да ги купат, иако во Македонија тоа не е случајот.

Интересно е да се напомене дека и покрај растечкиот тренд на нелегално преземање игри, секоја година профитот кој го прави индустриијата за видео игри вртоглаво расте. Во 2008 година, индустријата имала профит од 38 милијарди долари, а од 2010 до 2016, се очекува профитот да рипне од 68 милијарди на 81 милијарди долари, според извештај на DFC Intelligence.

Пример за профитабилност е новата Call of Duty: Modern Warfare 3 која ги сруши рекордите генерирајќи неверојатни 400 милиони долари од продажба во првите 24 часа од објавување на играта. Тоа што е важно е што оваа игра, како и многу други, започнаа да ставаат се поголем фокус на онлајн, мултиплеер играњето па е малку тешко да се лажира интернет присуство во играта, односно да се пиратира.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments