Американски федерален судија донесе судска наредба според која Twitter мора да предаде информации за тројца корисници кои се поврзани со Wikileaks. Оваа наредба е дел од истрагата против Wikileaks и како доверливите дипломатски документи се имаат најдено во рацете на оваа организација.
Американското Министерство за правда минатата година побара од Twitter да предаде приватни информации за корисниците Биргита Јонсдотир, член на исландскот парламент со чија помош Wikileaks има објавено доверливо американско воено видео, Роп Гонгрип, холандски хакер, и Јакоб Апелбаум, 28-годишен американски Wikileaks волонтер. Претходно американските власти бараа податоци за г. Апелбаум и од Google и Sonic, мал интернет провајдер.
Twitter ги има известено горенаведените корисници за ова барање, според кои барањето на министерството за правда е прешироко и неповрзано со Wikileaks, и се имаат обидено да го убедат судот дека барањето на нивните информации ги прекршува нивните уставни права за приватност. Меѓутоа, очигледно федералниот суд не мисли така, бидејќи со судската одлука на федералниот судија Лиам О’Грејди, Twitter ќе нема избор освен да ги предаде бараните информации.
Бараните информации вклучуваат имејл адреси поврзани со корисниците, IP адреси од каде сè се имаат логирани, сите меѓусебни разговори, и други приватни информации.







