Се помалку корисници ги заменуваат своите паметни телефони за нови и подобри модели

Минатата година во САД околу 68 милиони корисници се одлучиле да го заменат својот телефон за понапреден модел, што е 9 отсто помалку од предходната година, пишува Wall Street Journal. Интересот кај корисниците е намален и покрај тоа што операторите нудат повеќе поволности за оние кои ќе се одлучат да го променат својот стар телефон.

Причината за ова е што веќе 70 отсто од корисниците поседуваат паметни телефони, што значи дека е се помал бројот на корисници за кои замената на телефонот ќе биде огромна разлика. Втор проблем е што разликата помеѓу моделите е се помала, па вредноста која ја добивате за парите вреди помалку отколку надградбата до паметен телефон. Конечно, корисниците велат дека најголем проблем е што последните две години не излегол „WOW“-телефон за кој би помислиле дека мора да го поседуваат.

Ако проблемот на САД и Европа е со заситување на пазарот, остатокот на светот е подготвен за замена на телефоните, но реално гледано, куповната моќ во најголем дел не е на ниво кое го имаат жителите на овие два континенти. Покрај ова прашање е колку е подготвена инфраструктурата во најголемиот дел на Азија, Африка и Јужна Америка за паметни телефони со пристап до Интернет. Ова се разбира не значи дека паметните телефони од ниска и средна класа нема да се продаваат на овие локации, но напредокот во индустријата, реално доаѓа од стандардите и напредокот на технологијата која ја имплементираат најпрво Северна Америка и Европа.

Ваквиот развој на настаните најмногу ќе ги погоди Apple кои немаат уреди кои би ги понудиле на економски понеразвиените пазари. Можеби затоа се погласни се шпекулациите дека компанијата сериозно размислува за поевтин iPhone.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk