Google мора да направи повеќе за да одговори на критиките дека ги блокира конкурентите во резултатите од пребарувањата, вели европскиот шеф за конкуренција, Жоакин Алмунија. Google поднесе предлози до Европската Комисија за подобрување на резултатите од пребарувањето, но, според г. Алмуниja, овие предлози не се доволно добри, и интернет пребарувачот – кој држи 80 отсто од пазарот во Европа – ќе мора да пронајде други алтернативи кои ќе ги изедначат конкурентите.
Предлозите на Google се однесуваа на оделување на промотивните линкови од резултатите од пребарувањето за да бидат појасни за корисниците, и на прикажување на резултати од три конкурентни пребарувачи кои имаат исти сервиси. На пример, кога корисникот ќе пребарува за имејл клиенти, нема да види веднаш реклама за Gmail, туку ќе добие информации и за Мicrosoft Outlook и Yahoo Mail.
Google вели дека овие предлози се според тоа што побара Комисијата, но очигледно дека европјаните не се задоволни. Според организацијата FairSearch, која е задолжена да го набљудува монополот на Google, „предлогот да се појават линкови на три ривали во резултатите нема да ги одведе корисниците до сајтовите на ривалите“. Г. Алмунија додаде дека очекува спорот со Google да биде среден до крајот на годината.








