Се појавија првите десктоп и лаптоп компјутери со Windows 8

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер, Хардвер

Откако изминативе месеци видовме еден куп таблет компјутери со новиот Windows 8 оперативен систем, ZDnet јавува дека веќе се  најавени и првите десктоп и лаптоп конфигурации со Windows 8. Иако малку чудно, HSN веќе продава конфигурации со сè уште неизлезениот оперативен систем кој ќе биде достапен од 26-ти октомври. Според HSN, сите конфигурации кои ги продаваат се испорачуваат веднаш и со 64-битна верзија на Windows 8. Продажбата на Widnows 8 конфигурации и покрај „забраната“ на Microsoft, најверојатно нема да помине неказнето, но ќе мора да почекаме да  ја видиме реакцијата на Microsoft.

Конфигурациите на лаптоп комјутерите се стандардни, Intel i3 и i5 Ivy Bridge процесори, имаат од 4 до 8 GB DDR 3 и хард дискови од 500GB до 1 TB. Засега има една десктоп конфигурација која и не изгледа премногу импресивно. Сепак на два од лаптопите е додаден и нов тракпад кој ќе им долови подобро искуство на корисниците со новиот оперативен систем. Цените на лаптопите се помеѓу 700 и 1000 долари, а единствениот десктоп чини 1200 долари. Инаку сите конфигурации се издадени под Acer и Gateway, кои истотака се огранок на Acer.

Конфигурациите доаѓаат и со претходно инсталиран софтвер како Office 2010, Nero 12 Essentials, Adobe Reader, Norton Security Trial. Иако не целосно идентичен софтверот кој е однапред инсталиран е многу сличен. И инсталирањето на Microsoft Office 2010, претставува непочитување и на одлуката на Microsoft, новите конфигурации да не доаѓаат со Office 2010 пакетите.

За разлика од HSN, Amazonсè уште не продава кофигурација со Windows 8, а ZDnet јавува дека и Walmart нема податок за Windows 8 конфигурации. До излегување на новиот оперативен систем не делат нешто повеќе од две недели, а ако немате потреба да купите нов лаптоп или десктоп, можете  да проверите дали вашиот компјутер е подготвен за Windows 8,  доколку веќе не сте го направиле тоа досега.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Melon, part of Kin+Carta

.NET Developer

Melon, part of Kin+Carta

Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk