1 коментар 2 мин. читање 2 септември, 2013

Се појавија први слики од паметниот часовник Samsung Galaxy Gear

Venture Beat преку викендот објави слики за кои вели дека се од прототипот на Samsung Galaxy Gear. Овој паметен часовник ќе биде официјално претсавен за два дена, на 4-ти септември. Oд претходно знаеме дека Gear ќе има 2,5 инчен OLDE дисплеј со резолуција од 320×320, со двојадрен процесор на 1,5 GHz и Bluetooth поддршка.

Како што може да се види од сликата, се чини дека е прерано да се возбудуваме од часовникот кој изгледа гломазно и воопшто неинтересно, но тоа може да му се прости ако има корисна примена и добри апликации. Уредот ќе работи на Android 4.1+ со Samsung Store, наместо Google Play. Најверојатно Samsung стартува своја продавница за да биде прв со апликации за пазарот на паметни часовници кој е неизбежен со најавите дека Apple и Microsoft работат на слични уреди. Според многу аналитичари, на паметните часовници се гледа како на додатоци на паметните телефони, чиј пазар станува заситен од иновациите и од изборот на уреди.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мајкл
Мајкл
12 years ago

Штознам. Самсунг би требало да извади производ со подобар дизајн. Најверојатно ова бил некој прототип.

Мени
Заедница
Изглед
To top