0 коментари 2 мин. читање 21 јули, 2015

Се или ништо: Uber се најде пред Европскиот суд за правда

„Вашиот личен возач“, замената за такси превозот – Uber има се повеќе проблеми во Европа. По неодамнешните нереди кои ги предизвикаат возачите на такси возила во Франција, во кои беа уништени и возила, сега Европскиот суд на правдата одлучи да го преземе судскиот спор кој американската компанија го води со шпанските власти. Ова може и да се добри вести за компанијата бидејќи Uber се надева дека ќе успеат да бидат надмината локалните проблеми, а победата пред Европскиот суд на правдата ќе ја спаси компанијата од можни идни судски парници во Европа. Дополнително судот може да излезе со решение, кое ќе представува крај на идните судски процеси.

„Ја поздравуваме одлуката за истрага… Одлуките во Европа ретко кога ги затвораат пазарите“, вели Марк Мекган, кој е задолжен за односи со јавноста. Uber е задоволени што одлуката е префрлена на највисоката судка инстанца во Европа, бидејќи локалните судови веднаш ја забрануваат услугата. Од компанијата очекуваат решението на судот да дојде за нешто повеќе од една година, есента 2016 година.

Европскиот суд на правдата ќе треба да одлучи дали Uber е транспортен сервис или сервис кој произлегува од информатичкото општество; доколку е информатички сервис дали треба во целост да ги ужива придовките според законот за слобода на информации; дали шпанскиот закон за заштита на конкуренција се однесува и на информациски технологии и дали забраните кои ги налага Шпанија се законски?

Одлуките на судот речиси сигурно ќе важат и во останатите држави. Франција, Шшанија, Унгарија и Германија се државите во кој Uber започна со жалби по забрана за дел од нивните услуги, јави TechCrunch.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top