0 коментари 1 мин. читање

Samsung за една година успеа да продаде над 20 милиони Galaxy S 2

Уредот со 4,3 инчниот супер AMOLED екран затскриен зад заштитата на Gorilla стаклото сега е присутен во 20 милиони џебови, бројка што е постигната за помалку од една година. Двојадрените процесори почнаа да бидат страндарден дел од опремата на еден современ „electronics geek“, и од таа перспектива процесорот што работи на 1,2 GHz кој се наоѓа во Samsung Galaxy S 2, ја задоволува потребата од мобилна процесорска моќ.

Samsung продаде вкупно 36,5 милиони паметни телефони во четвртиот квартал на 2011 година. Околу 20 милиони продадени Galaxy S 2 означуваат доста голем раст ако се земе предвид дека се работи само за еден вид на паметен телефон, а не тоталниот број на продадени мобилни уреди.

Во исто време Apple продаде 37 милиони паметни телефони, од кои поголемиот број од нив беа iPhone 4S, исто со двојадрен процесор. Ако овој тренд на зголемувачки раст на продажбите на мобилни уреди продолжи, почнува да станува јасно како Кина скоро стигна до милијарда мобилни претплатници и зошто Cisco вели дека ќе има повеќе мобилни уреди одколку луѓе.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Мени
Заедница
Изглед
To top