0 коментари 2 мин. читање

Adobe ги објави приоритетите на Flash за 2012

Adobe не се откажува од Flash форматот и покрај неколку неуспеси со нивниот Flash Player за мобилни уреди. Вчера Adobe објави патоказ по кој јасно се гледа насоката на идниот развој на Adobe Flash Player. Идните поправки и оптимизации ќе гравитираат околу две поважни насоки, инцидентно во тие две насоки Flash Player има најголем успех, имено видео игри и видео.

Кога се работи за oнлајн игри, Flash сè уште царува, но тоа нема засекогаш да остане исто со тоа што HTML5 се покажува како добра замена за Flash, со тоа што може да се пристапи и од мобилни направи, без премногу да го оптовари процесорот. За да се соочи со овој проблем, Adobe ќе создаде формална програма за развивачите на игри.

Flash Player 11.2 можеме да го очекуваме на почетокот на 2012 година, со поддршка за десно и средно копче и неколку понатамошни верзии подоцна во годината. Мобилната верзија на Flash Player ќе стагнира на верзијата 11.1, која воедно и ќе биде последната верзија. Во документот на Adobe се тврди дека тие ќе продолжат со активна инвестиција во Flash содржини за мобилни уреди преку Adobe AIR.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Мени
Заедница
Изглед
To top