0 коментари 2 мин. читање 16 април, 2015

Huawei се пофали дека новиот P8 ја има најдобрата камера

Новите телефони од Huawei, Huawei P8 имаат камерата на чии перформанси можат да им позавидат и дел од професионалните камери. Двата нови Android телефони доаѓаат со 13МР камера, но тоа што ги прави одлични за фотографирање и снимање на видео се новите сензорите од Sony и oптичка стабилизацијата на слика.

Станува збор за премиум телефони што значи и дека и цената ќе биде повисока од останатите телефони од производителот. Првата стандардна верзија на телефонот доаѓа со 5.2 инчен екран, а P8max ќе доаѓа со огромен 6.8-инчен дисплеј. Стабилизацијата на слика која ја нуди уредот е најдобра во својата класа велат од Huawei, што ќе понуди поквалитетни слики при ноќно сликање, бидејќи овозможува блендата подолго да биде отворена, без сликите да се заматат поради поместување на камерата.

Иако Huawei стана препознатлив на пазарот по добри, но и евтини телефони, сепак се чини дека желбата на кинескиот производител е да се вмеша во трката за премиум уреди, која моментално ја водат само Apple и Samsung.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top