54 коментари 1 мин. читање

Samsung со нова реклама го исмева iPhone 5

Не треба да бидеш гениј за да ја видиш разликата. Ова е слоганот на најновата реклама на Samsung во која јужнокорејската компанија го споредува нивниот Samsung Galaxy S3 и најновиот, пред-само-пет-дена-претставен iPhone 5.

Samsung ја базира својата споредба на повеќе е подобро, претставувајќи ги сите опции кои ги има Samsung, а кои недостасуваат на iPhone 5, иако Samsung не го спореди Android со iOS, односно квалитетот на апликациите достапни на двете платформи.

Споредбата не му беше доволна на Samsung, кој за да одговори на интересот на iPhone 5 кој за само 24 часа се продаде во 2 милиони примероци (за споредба Galaxy S3 за три месеци се продаде во 20 милиони примероци), откри на медиумите и дека новиот Gаlaxy S4 телефон ќе се појави во февруари.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

54 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top