0 коментари 2 мин. читање 2 мај, 2017

Samsung се приклучува во трката за производство на автономни возила

Корејскиот гигант Sasmsung е последната компанија која се вклучува во трката за производство на автономни возила. Компанијата веќе доби дозвола од властите во Јужна Кореја да започне со тестови на патиштата во оваа држава, пренесе TechCruch.

Компанијата својата технологија ќе започне да ја тестира со Hyundai возило кое ќе биде со соодветни модификации. Сензорите и камерата се изработени од Samsung, а компанијата ќе го изработи и софтверот за возилото. Засега е нејасно каква ќе биде улогата на возилото. Дали Samsung ќе произведува целосна технологија за автономни возила, или возилото треба да биде прототип кој ќе ги покаже можностите на компонентите на Samsung.

Hyundai од поодамна има дозвола за тестирање автономни возила. Компанијата е првиот производител кој тестира возила во Кореја. Секако како и за сите останати производители, а и во сите држави, за тестовите сепак ќе мора да има присутен возач. Човекот во возилото е за секој случај, доколку мора да се преземе контрола во возилото.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top