0 коментари 1 мин. читање 10 ноември, 2016

Samsung претстави патент за телефони кои се преклопуваат

Новиот патент на Samsung претставува нов модел на телефон кој се преклопува. За разлика од досегашните вакви уреди новиот патент на Samsung претставува телефон кој доаѓа со екран на целата површина.

Ова значи дека форматот на екранот може да биде многу подолг и потенок. Компанијата поодамна најави дека ќе започне да користи OLED екрани кои може да се превиткаат. Првите уреди би можеле да се појават веќе следната година. Неколку производители веќе претставија концепт на паметни бразлетни кои може да се користат и како телефон. Патентот за телефони доаѓа со дополнителен дисплеј кој се активира кога телефонот ќе биде преклопен.

Samsung претстави дел од можностите на OLED екраните, но ова е прв патент кој ги покажува можните примени во уред. Претходно Samsung претстави хибрид на телефон / таблет.

foldable3
Image: Samsung / Patent
foldable1
Image: Samsung

 

https://www.youtube.com/watch?v=ypYRhBbXbQE

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top