Google ќе објави Android SDK за паметни часовници и паметни алки

Google најави дека SDK за преносните уреди доаѓа наскоро, а може да го очекуваме во следните две недели. Ова ќе им овозможи на сите програмерите да развиваат Android апликации за преносните уреди како паметните часовници и алки. Најавата доаѓа од Сундар Пичај на конференцијата South by Southwest.

„За две недели ќе излезе првиот SDK за програмери за Android. Ова ќе ја претстави и нашата визија на програмерите кои се заинтересирани за тоа како ќе функционира пазарот.“

Покрај паметни телефони и таблет компјутери, идејата е Android да се донесе на поголeм број на уреди, како Google Glass, паметни часовници и алки. Google наскоро ќе излезе и со верзија на оперативниот систем за паметни часовници, а се очекува и паметен часовник од Google кој ќе биде изработен во соработка со LG, и според најавите ќе биде презентиран на Google I/O од 25-26 јуни, јавува CNET.

„Кога размислуваме за преносните уреди, размислуваме на нив како на платформа. Гледаме свет со сензор… сензорите можат да бидат мали и моќни, и да соберат куп информации кои можат да бидат корисни за корисниците. Сакаме да го изградиме вистинското API за овој свет на сензори“, вели г. Пичај кој го води Android одделот во Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk