Google креираше сајт на кој ќе може да се споделуваат експериментални отворени апликации за Android и Android Wear. Android Experiments веќе има дваесетина интересни и кул проекти кој можат да послужат како инспирација за идни апликации. „Првите 20 проекти покажуваат широк спектар на креативна работа – од експерименти со камера до хак на хардвер и OpenGL демоа. Сите се креирани со платформи како Android SDK и NDK, АНдроид Њеар, IOIO board, Cinder Processing, OpenFrameworks и Unity. Секој од проектите креативно го приспитува начинот на кој ги користиме уредите секојдневно“, вели Роман Нурик на Android-developers блогот.
Новиот сајт е одличен начин за пронаоѓање на креативни и иновативни проекти, па можеби и дел од можностите на Android кои не биле предвидени како стандардни, но благодарение на фантазијата, креативноста и иновативноста на девелоперите, можеби ќе отворат нова можност за некој од останатите развивачи.