0 коментари 1 мин. читање 18 јули, 2018

Samsung претстави 8GB LPDDR5 DRAM чип

Samsung го претстави првиот 10nm 8GB LPDDR5 DRAM чип. Чипот е поштедлив од досегашните и е развиен за вештачка интелигенција и 5G мрежите.

Чипот е 1,5 пати побрз од LPDDR4X со брзина на трансфер на податоци до 51 GB/s. Според зборовите на Samsung ова е големината од 14 full-HD филмови.

Оваа серија на RAM меморија ќе доаѓа со две брзини на трансфер на податоци. Првата 6,400Mb/s и работен напон од 1,1 V, а втората 5,500 Mbps и работен напон од 1,05V. Меморијата ќе троши помалку енергија од  LPDDR4.

Дополнително, благодарение на „deep-sleep“ технологија, енергијата кога меморијата не е оптоварена уште помалку се троши. Дали ова ќе се одрази врз брзината на прeфрлање од еден во друг мод на работа засега е непознато.

LPDDR5 доаѓа со еден 32-битен канал и 16 банки на овој канал, пренесе Anandtech.

Samsung заедно со другите производители го заврши тестирањето на протитипот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top