0 коментари 2 мин. читање 17 јули, 2018

Излезе Uncharted фан филм со Нејтан Филион

Прво со телевизиското шоу Firefly, потоа со Castle и на крај со феноменалниот допринес во играта Destiny 2, Нејтн успеа да се истакне како еден од најхаризматичните и најдуховитите актери. Веќе некое време, фановите на Uncharted серијал скоро едногласно и без никаков отпор го изгласаа Нејтан Филон како идеалниот актер за филм заснован на овој ексклузивен серијал за Playstation.

Нејтан реши да се заблагодари за таквото нешто така што учествуваше во изработка на Uncharted фан филм. Низ петнаесет минути од чиста адреналинска акција, филмското остварување успева да ги потопи фановите со еден куп носталгични бранови.

Како што сигурно забележавте, краткометражниот филм се одликува со движења и одредени сцени кои се карактеристични за серијалот, но одредени моменти сведочат за тоа како филмот би можел да биде крајно феноменален, само кога не би биле ограничени од буџетот. И покрај ова, исклучително нѝ е мило што вакво нешто воопшто и беше реализирано. Она што дефинитивно се забележува од почетокот и крајот е огромната љубов и труд кој е вложен во изведбата.

Алан Унгар е режисерот и ко-писателот на фан-филмот.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top