0 коментари 2 мин. читање 13 јуни, 2012

Samsung планира своја друштвена мрежа која ќе конкурира на Facebook

Samsung размислува да креира своја друштвена мрежа која ќе наликува на Facebook, пишува Korea Times. Mрежата ќе треба да биде конкурент на Facebook и ќе биде достапна преку уреди поврзани на интернет како телевизори, камери, Blu-ray плеери и секако, паметни телефони.

Директори од Samsung планираат да претстават своја мрежа во почетокот на следната година. Целта е секако да се промовира „друштвен сервис кој ќе биде достапан преку уреди на различни компании за различни мобилни платформи“. Освен на Facebook, мрежата на Samsung би требало да биде конкурентна и на Apple со кого се натпреваруваат на мобилниот пазар. Samsung од неодамна стана најголемиот производител на мобилни телефони.

Според познавачите, Samsung ќе гради своја мрежа врз Family Story, друштвен сервис за споделување на фотографии со чет и календар кој е достапен на одредени Samsung уреди. Сервисот ќе биде изграден врз облак платформата на Amazon.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top