92 отсто од младите срби се на Facebook и Twitter

во ИТ.МК, Свет

Според официјалнитo истражување за навиките и состојбата на ИТ од 2011-та година на српскиот Државен завод за статистика (.pdf), се открива дека 91,8 отсто од младите интернет корисници од 16 до 24 години возраст имаат профил на друштвените мрежи Facebook и Twitter.

Вкупно, од 2,4 милиони интернет корисници од сите возрасти, 62 отсто имаат профил на друштвена мрежа. Секако не изненадува што над 99 отсто од српските студенти користат компјутер, односно Интернет. Можеби и затоа 45,5 отсто од српските интернет корисниците ја користат Wikipedia како извор на информации.

Од другите интересни трендови откриени со статистиката, покрај порастот во користење на интернет, над 40 отсто од домаќинствата се поврзани, забележан и е пораст во бројот на корисници кои купуваат на Интернет од 100.000 на сега вкупно 380.000. Сепак и покрај позитивниот раст, 82 отсто од српските корисници никогаш не купувале од Интернет.

Една од најлошо рангираните активности во Србија е барање на работа преку Интернет, односно само 24,1 отсто од испитаниците одговориле дека бараат работа преку Интернет. Ова е помал процент од корисниците кои симнуваат софтвер, 26,2 отсто, иако мислам дека ова прашање не е одговорено искрено или пак не се однесува на пиратеријата.

За споредба, кои се навиките во Македонија?

Споредено со Македонија, процентите се скоро исти. Над 46 oтсто од домаќинствата имаат интернет пристап, односно има над 1 милион интернет корисници, според последниот (од 2010 год.) извештај на Заводот за статистика. Во тој извештај се наведува само мала листа на што кои се навиките на корисниците, но нема специфични активности. Но, благодарение на Facebook платформата за реклами може да се дознае дека има околу 891.580 профили од Македонија на Facebook. Од вкупната бројка, 58 oтсто или 525.500 профили се на корисници од 16 до 24 години.

Тоа што е интересно, пишува Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис на својот блог е што наскоро во Попис 2011 ќе има прашања кои ќе се однесуваат на користење на нови технологии кои ќе дадат подетални информации каква е ИТ подготвеноста на македонските корисници.

„Мислам дека е исклучително важно што ќе се приберат и обработат овие податоци на ниво на цела држава. Досега имаше низа истражувања со статистички примерок, но вака ќе може да се направат многу попрецизни корелации и да се идентификуваат точки каде е потребна интервенција за да може сите граѓани без оглед на пол, возраст, етнички карактеристики и слично да имаат еднаков пристап до можностите.“, вели Филип.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments