Samsung најави два нови телефони во 2014-та година; eден ќе биде со голем екран, што не е изненадување кога е во прашање јужнокорејскиот производител, и друг модел кој ќе биде направен со „нов материјал“. Потпретседателот на Samsung Mobile, Ким Хјун-јон, во интервју за Wall Street Journal, само ги најави двата уреди пред инвеститорите, но Интернетот веќе шпекулира дека се нова верзија на Galaxy Note, и 4,8 инчен Galaxy Alpha кој ќе биде направен од метал. Овие два телефони ќе бидат претставени до септември, најверојатно пред Apple да го претстави 4,7 инчниот iPhone. Според г. Хјун-јон, до крајот на годината ќе бидат претставени и нови mid-range уред по достапна цена, но со „појачани спецификации“.
Samsung ќе ја замени пластиката со „нов материјал“ за идниот Galaxy
Oд IT.mk редакција
во Мобилни

Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







