Телефоните со флексибилен дисплеј се прескапи и корисниците кои ги купуваат се ретки, сепак Samsung и натаму работи на нивна надградба. Новите флексибилни дисплеи не само што се многу поголеми, туку ќе имаат можност за поставување на камера под екранот.
Компанијата престави неколку нови концепт паметни телефони кои треба да ги покажат можностите на овие дисплеи. Најголемата предност на овие уреди ќе биде можноста за креирање на 2-во-1 паметни телефони кои се отворен екран ќе бидат замена за таблет компјутер. Новите екрани кои се двапати превиткани Samsung ги претстави на Display Week 2021, јави Sammobile.
Со ова превиткување екранот е поголем од Fold 2 серијата, иако новите комерцијални телефони кога и ако воопшто излезат веројатно ќе бидат со различни димензии. Кога екранот е сосем отворен неговата дијагонала е 7,2-инчи. За споредба Fold 2 доаѓа со 6,2-инчен екран. Samsung претстави и уште поголеми, 17-инчни флексибилни екрани, кои веројатно може да ги очекуваме во некои нови таблет компјутери или како можност за поголеми екрани со помали димензии на лаптоп компјутери.
Првите телефони со флексибилен екран Samsung ги претстави на почетокот на 2019. За жал овие телефони имаа сериозни проблеми со оштетување на екранот по што телефонот стануваше неупотреблив. Веќе со следната генерација физичките оштетувања се значително намалени, но главен проблем на уредите е превисоката цена. Samsung Galaxy Z Fold 2 5G чини 1930 евра.
Веројатно UPC-камерата (Under Panel Camera) ќе биде првата надградба која ќе биде достапна, а за поголемите екрани ќе мора малку да почекаме.
[…] post Samsung ја претстави следната генерација на флексибилни е… appeared first on […]