Нема содржина, нема проблем, Amazon е во преговори за MGM

во Свет

Без сомневање содржината на еден стрим сервис е најважна при изборот на корисниците на кого да му ја „дадат“ својата претплата. Netflix, HBO Go, Amazon, Disney+, Apple TV се натпреваруваат за корисниците, а најважно за ова се филмовите и сериите кои се достапни на платформите.

Amazon веројатно не е првиот сервис за стриминг на кој ви текнува кога содржината е во прашање, но ова би можело наскоро да се промени. Компанијата е во преговори за купување на MGM, а сумата која компанијата е подготвена да ја плати е помеѓу 7 и 10 милијарди долари, вели Variety. Сумата е висока, но неодамна дознавме дека Amazon Studios за само една сезона на Lord of the Rings ќе плати 465 милиони долари.

Ако се реализира, со оваа аквизиција библиотеката на Amazon ќе се зголеми за над 4000 филмови и 17 000 часа ТВ-програма. James Bond, The Handmaid’s Tale, Rocky, Stargate, Robocop, Legally Blonde, Vikings, Fargo, Shark Tank се дел од содржината која е креирана од MGM.

Засега претставници на Amazon и MGM немаат коментар за можниот договор. Според извори на Information напредокот на преговорите е непознат, и можеби воопшто нема да има договор.

Од 200 милиони претплатници на Amazon Prime, над 175 милиони стримале Prime Video содржини во последната година.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Најголемата онлајн продавница продолжува да го шири своето портфолио. Amazon ги заврши преговорите за купување на MGM Studios. Двете компании се договорија за сума од 8,45 милијарди долари. Ова е најголема аквизиција за Amazon во забавната индустрија, но со серијата Lord of the Rings, компанијата покажа дека нема да штеди на креирање на сопствена содржина. Сумата од 8,45 милијарди долари е во рамките на она што беше прогнозирано ми&…. […]

trackback

[…] Најголемата онлајн продавница продолжува да го шири своето портфолио. Amazon ги заврши преговорите со MGM Studios и двете компании се договорија за сума од 8,45 милијарди долари. Ова е најголема аквизиција за Amazon во забавната индустрија, но со серијата Lord of the Rings, компанијата покажа дека нема да штеди на креирање на сопствена содржина. Сумата од 8,45 милијарди долари е во рамките на она што беше прогнозирано минатата недела. […]

trackback

[…] post Нема содржина, нема проблем, Amazon е во преговори за MGM appeared first on […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk