Апликациите кои блокираат реклами се непожелни на Google Play

Google од продавницата на Android апликации, Google Play, ги отстрани сите апликации кои ги блокираат рекламите во апликациите. AdBlock Plus и AdFree, како и неколку други, веќе не се достапни на Google Play. Како образложение кое го добиле авторите од Google е дека нивните апликации имале влијание или влегувале во други услуги на неовластен начин, со што се прекршува договорот на кој се сложиле при пријавувањето на апликацијата.

Сепак, со ова корисниците нема да бидат целосно спречени повторно да ги инсталираат овие апликации на своите Android паметни телефони. Секој ќе може да ја преземе од официјалниот сајт на апликацијата и самиот да си ја инсталира. Единствен хендикеп овде ќе биде тоа што нема да може автоматски да ја надградува.

Од една страна, ова е доста логичен чекор од компанијата која сака да ги заштити своите работни интереси, како и заработката на останатите развивачи кои имаат реклами во своите апликации. Но, сепак тоа нема да ја отстрани огорченоста кај голем дел од корисниците.

AdBlock Plus можете да ја преземете од официјалниот сајт – http://adblockplus.org/en/android-about.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
krale
krale
13 years ago

Толку од „отвореноста“ на Андроид.