Samsung го претстави 8nm процесорот Exynos 9820

во Вести

Samsung го претстави својот прв 8nm процесор, Exynos 9820. Ова ќе биде процесорот кој производителот заедно со процесорите од Qualcomm ќе го користи во „flagship“ телефоните во 2019 година.

Новиот процесор доаѓа со четврта генерација „custom“-процесор, но и нов 2.0 Gbps LTE Advanced Pro модем. Процесорот доаѓа со одделен NPU-процесор за вештачка интелигенција. Процесорот ќе биде клучен и за неколку нови функционалности кои ќе дојдат на следната генерација на телефони од Samsung.

„Можностите за вештачка интелигенција на Exynos 9 Series 9820 ќе овозможат нова димензија на перформанси во паметните уреди преку интегриран NPU , перформанси на кастом јадрата, 2.0 Gbps LTE модем и подобрени мултимедија перформанси“, вели Бен Хур, заменик претседател во маркетинг одделот на System LSI во Samsung.

Еден од примерите за можностите на новиот процесор е снимањето на видео со резолуција од 8К или снимање на 4К резолуција со 150 fps. Процесорот нуди и поддршка за дисплеи со резолуција 4096 x 2169, и WQUXGA (3840×2400) дисплеи

Што се однесува до перформансите, Samsung ветува 20% подобри перформанси на процесите на едно јадро и 15% на мулти-јадрените процеси. Покрај специјално изработените процесор Exynos 9820 доаѓа и со 2 Cortex A76 и 4 Cortex A55 јадра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments