На настан оддржан во ресторанот Воденица во Скопје, пред претставници на медиуми и деловни партнери, Samsung Македонија ги најави новите модели Samsung Galaxy S8 и Samsung Galaxy S8+.
„Со најновите модели на паметни телефони ги поместуваме границите во мобилната индустрија. Претставуваме телефони кои со својот хардвер и софтвер во потполност одговараат на потребите на современиот корисник. Galaxy S8 телефонот пристигнува со екран од 5.8‘’, додека S8+ како и повеќето модели од оваа серија имаат екран од 6.2’’. Со новиот персонализиран интерфејс – Bixby, додатокот DeX, одличната камера, унапредениот систем на сигурност како и низата функции кои корисниците ги засакаа кај претходните модели, Galaxy S8 и S8+ во потполност претставуваат пресвртница во развојот на паметните телефони“, изјави г-дин Милан Вујовиќ, маркетинг директор на компанијата Samsung за Адриатик регионот.

Image Courtesy of Samsung.com
Дел од самата презентација беше и водоотпорноста на уредот, која во малото езерце во ресторанот беше демонстрирана од професионален нуркач со отварање и кратко користење на уредот под вода.

Image Courtesy of Samsung Македонија
Samsung Galaxy S8 – Техничките спецификации
- ОС: Android 7.0
- Мрежа: LTE CAT. 16
- Димензии и тежина: 148,9 x 68,1 x 8,0 mm, 152 g
- Процесор: Осмојадрен (2,3GHz Quad + 1,7GHz Quad), 64 bit, 10 nm / Осмојадрен (2,35GHz Quad + 1,9GHz Quad), 64 bit, 10 nm
- РАМ: 4GB RAM (LPDDR4), 64GB (UFS 2.1)
- Екран: Coring Gorilla Glass 5, 5,8” (146,5mm) Quad HD+ (2960×1440), (570ppi)
- Камера: Задна камера: Dual Pixel 12MP OIS (F1.7), Предна камера: 8MP AF (F1.7)
- Батерија: 3.000 mAh / брзо полнење (жично и бежично)
- Технологии: NFC, MST
- Поврзување: Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac (2.4/5GHz), VHT80 MU-MIMO, 1024QAM Bluetooth v 5.0 (LE do 2Mbps), ANT+, USB Type-C, NFC, локација (GPS, Galileо, Glonass, BeiDou)
- Сензори: Забрзување, воздушен притисок, отисок на прст, жироскоп, геоматентен сензор, Халов сензор, сензор за срцев ритам, сензор за близина, сензор за RGB осветленост, сензор за ирисот на окото, сензор за притисок
- MicroSD поддршка до 256GB
Samsung Galaxy S8+ – Техничките спецификации
Разликата во техничките спецификации кај S8+ е во:
- Димензии и тежина: 159,5 x 73,4 x 8,1 mm, 173 g
- Екран: 6,2” (158,1mm) Quad HD+(2960×1440), (529ppi)
- Батерија: 3.500 mAh
Додека сите останати карактеристики се идентички како кај S8.

Image Courtesy of Samsung.com
Galaxy S сериите во Македонија ќе можат да го изберат својот уред во една од трите бои: “Полноќно црна“, “Орхидеја сива“ и “Арктички сребрена“, додека препорачаната малопродажна цена (со вклучен ДДВ) изнесува 49.499 денари за Galaxy S8, односно 55.999 денари за Galaxy S8+. Телефонот ќе може да се купи кај мобилните оператори и продажните партнери на Samsung.
[…] Што прават корисниците кои први дојдоа до новиот Samsung Galaxy S8? По се изгледа дека го уништуваат. What’s Inside? направи презентирање на новиот уред и во претставувањето целосно го уништи телефонот. За потсетување телефонот во Македонија ќе биде достапен од 28 април. […]