Само Питер Тиел го сака Доналд Трамп; за другите е „катастрофа за иновациите“

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Над 140 директори и основачи на американските технолошки компании не го сакаат Доналд Трамп за претседател на САД. Тие објавија заедничко отворено писмо на Medium во кое го нарекоа г. Трамп „катастрофа за иновациите“.

„Веруваме во инклузивност на државата која ќе ги негува можностите, креативноста и еднаквите можности за сите. Доналд Трамп не верува во ова. Неговата кампања е базирана на гнев, нетрпеливост и страв од нови идеи и луѓе, но и основна идеја дека Америка е слаба и во паѓање. Го слушавме Трамп цела година и заклучивме, Трамп ќе биде катастрофа за иновациите. Неговите визии се во спротивност со отворената размена на идеи, слободно движење на луѓето и продуктивен ангажман со остатокот на светот кој е клучен за нашата економија и претставува основа за нашите иновации и развој“, велат потписниците на ова писмо.

Ко-основачот на Apple, Стив Вознијак, Ив Вилјамс од Medium, Пјер Омидар од eBay и Стјуард Батерфилд од Slack, се дел од потписниците на оваа петиција. Претставниците на Републиканската партија и досега не можеа да сметаат на поддршка на техничкиот сектор, вели USA Today.

Единствен кој ќе ја покаже својата поддршка кон г. Трамп е Питер Тиел, основач на PayPal кој ќе биде еден од говорниците на конвенцијата на партијата. Г. Тиел и досега беше донатор на Републиканците, а во последно време е актуелен по финансирањето на тужбата на Хулк Хоган против Gawker.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Тиел, кој беше единствениот јавен поддржувач на Трамп од ол-стар тимот на Силициумската Долина, се чини дека […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk