Проблеми за Google: рекламите не се во согласност со европските закони

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Google со договорите со сајтовите ги нарушува законите во Европа, вели Маргарет Вестaгер, комесар за конкурентност. Компанијата во договорите има вметнатно многу барања со кои ја обезбедува својата доминација, тврди г-ѓа. Вестaгер.

Досега претставниците ги анализираа алгоритмите, а сега ги анализираат и договорите кои Google ги има со сопствениците на вебсајтовите. Според законодавците, Google со изборот на реклами што ги презентира во резултатите од пребарувањата, ја намалува можноста за конкуренција. Google мора да им овозможи на конкурентите да презентираат реклами на овие страници.

Компанијата сега има десет недели да одговори на обвинувањата. Доколку бидат пронајдени виновни, може да бидат казнети со 10 отсто од годишната заработка или околу 7 милијарди долари. Најголемиот проблем на Google во Европа е доминацијата на сервисите, компанијата има помеѓи 80 и 90 отсто од пребарувањата. Поради ова компанијата неколку години е мета на европските регулатори.

„Однесувањето на Google е лошо за корисниците, а одличните иновации не им даваат право, да ги оневозможуваат конкурентите да иновираат“, вели г-ѓа Вестaгер.

Google тврди дека конкуренцијата е овозможена со Amazon и eBay, но комисијата го отфрли ова, бидејќи смета дека овие продавници не се конкуренција за рекламите кои Google ги презентира во пребарувањето, вели New York Times.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk