ИТ Кариера: Дали девелоперите се новата работничка класа?

во Статии

Овој текст е дел од серијалот на тема ИТ Кариера во .мк општеството кој ќе ви помогне да ја пронајдете и добиете вистинската ИТ позиција за вас.


Иако во ниеден случај не се обични работници, девелоперите кои работат на плата може да се каже дека се дел од еден нов вид на пролетаријат. Просто кажано оваа “нова дигитална работничка” класа произведува код наместо машини за перење и делови за автомобили.

Производите што ги создаваат влегуваат во најразлични категории од создавање CMS-и за интернет содржина, мобилни апликации, веб продавници, веб сајтови за миленици и сл. Едноставно нема граница на што еден девелопер може да опслужи.

Глобалниот пазар го експлоатира ова на секој можен начин, додека пак од друга страна сѐ повеќе луѓе се натпреваруваат за овие работни позиции и гледаме се повеќе студенти како се запишуваат на техничките факултети поврзани со оваа дејност.

Земјите во развој, рај за outsourcing

Аутсорсинг е сѐ попосакувана алатка од страна на голем број компании и поединци. Многу фирми немаат потреба да трошат дополнителни инвестиции за погони и канцеларии кога ги имаат земјите во развој. Единствено нешто што е потребно е семоќната интернет конекција.

Нешто што може да ја попречи оваа прецизно оркестирана врска помеѓу феудалците во САД и другите “богати” земји со своите аутсорсинг микрокметови е конфликт и војна како во Блискиот Исток и Украина. За среќа во оваа индустрија, новата дигитална работна класа не мора да биде врзана за одредена физичка локација. Сѐ додека има пристојни интернет врски тогаш може да се работи од секаде.

Местата каде што има конфликт не се единствен фактор што ја комплицира врската помеѓу работодавачите и новата глобална работничка класа. Од една страна како што на пример мануфактурните работници се загрозени од тоа фабриките да бидат затворени и да бидат пренесени (заменети) во други земји (Кина, Индија), така и девелоперите (ова можеби повеќе важи за повисоко развиените земји) се под своевиден притисок работата виртуелно да биде префрлена во други земји во развој како што е нормално нашата.

Сосема друга точка за дискусија е квалитетот на услугата и платата кои секако влијаат врз финалниот производ.

Бинарен Пролетаријат

Како што глобалното општество со секоја измината декада сѐ повеќе се трансформира од постојаната револуција во дигиталната комуникација, обичните и академските дефиниции за работничка класа се менуваат од корен. Затоа можеби она што се поистоветува со претходниот систем може да наиде на одбивност па дури и критика, а во вистина е само рециклирана фраза.

Без разлика дали луѓе шијат фудбалски топки во Бангладеш, одговараат на повици во кол-центар во Филипините, или пак пишуваат илјадници линии код во канцеларија во Њу Џерси сите тие исполнуваат слични улоги во глобалната економија која постојано се менува. Кованицата Бинарен Пролетаријат се однесува на работници кои функционираат во “еволуиран” капитализам со помош на дигиталната револуција, но исто така се однесува на поделбата помеѓу богатите и сиромашните со се’ помалку економски класи помеѓу нив.

Работењето во дигиталната ера може да биде и меч со две острици. Сигурно се сеќавате на сторијата од 2013 година кога програмер од САД ја препродавал својата работа на програмери во Кина. Иако статистички бил најдобриот програмер во компанијата тој го поминувал своето време седејќи на социјалните мрежи гледајќи видеа со мачки.

Неговите претпоставени добивале точно што им требало од него, но фактот што работник се претворил во експлоaтатор не им се допаднало на шефовите. Тој заработувал годишна плата од 250 илјади долари додека плаќал само 50 илјади на кинеска консултанска фирма. Очигледно е дека овој човек успеал да ги искористи алатките во своја полза колку и да се тие погрешни.

Сите не сè еднакви

Додека некои споредби помеѓу програмерите и “традициoналните” работници се соодветни има фактори што драстично ги диференцираат двете групи.

Добар пример е големата ресеција во САД. Се случи луѓе што припаѓаат на таканаречената “креативна работна класа” во која се секако и програмерите  да не бидат драстично погодени како blue collar работниците, каде што стапката на невработеност сигнала 14,5 отсто, додека кај “креативците” таа била само 4,1 отсто.

Друг фактор што ги одвојува програмерите од “класичниот” поим на работничка класа е токму класната свесност.

Прашањето е дали припаѓате на работничката класа дури и ако мислите дека сте средна класа?

Ова не е марксистичка дефиниција на класи туку повеќе е практична дефиниција базирана на нивото на едукација и скилсетот vs. таканаречена “knowledge-based” работа.

Тука како прашање се појавува и класната аспирација. Ретки се тие што студираат програмирање за да работат како обични rank-and-file работници.

it-kariera-reklama

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments