Американското Министарство за правда поднесе тужба против Apple и пет големи издавачи на книги поради местење на цените на електронските книги. Од петте издавачи, Hachette, HarperColling и Simon & Schuster кои се вмешани во заговорот, но тие веќе се спогодија со властите, пишува Bloomberg. Oстанатите два се Macmilan и Penguin.
Министерството за правда ја поднесува тужбата по две годишна истрага во која се покажува дека издавачите заедно со Apple пред неколку години ги покачиле цените на е-книги. Според тужбата, „овој заговор им наметнува услови на корисниците да плаќаат повеќе за е-книги, дури десетици милиони долари повеќе, отколку што тие би требало да платат.“
Аpple и издавачите се обвинети дека се договориле да ја спречат конкуренцијата меѓу себе така што ќе ги покачат цените на е-книгите, а Apple, кој го има продуктот т.е. iPad, ќе добие загарантирани 30 отсто од продажбата. Овој договор, признаен од издавачите, се случил во 2010-та година и покрај спречување на конкуренцијата, имал за цел да влијае врз Amazon кој го претстави својот електронски читач Kindle. Истрагата покажала дека Apple и издавачите контактирале често и дека преземале мерки за да ја сокријат меѓусобната комуникација.
Доколку се докаже дека се виновни, Apple и издавачите најверојатно ќе платат казни од неколку проценти од нивните годишни приходи кои во случајот на Apple ќе израснат во неколку милијарди долари. Дополнително на издавачите ќе им биде забрането да поставуваат ограничувања на продавачите да даваат попусти на книги.